Матура и матурски испити — корисни информации
Државна матура
- полагаат сите кои сакаат да се запишат на факултат
Училишна матура
- полагаат сите кои не сакаат да продолжат на факултет, или пак кои сакаат да се запишат на факултети каде што примаат и со положена училишна матура.
Се полагаат
- вкупно 4 предмети + проектна задача (вкупно 5 полагања)
Екстерно се полагаат
- 2 од 4-те предмети (пред надворешна испитна комисија)
Интерно се полагаат
- 2 од 4-те предмети се полагаат интерно (пред комисија од училиштето)
Екстерните предмети се задолжителни
- мајчин јазик
- математика или странски јазик (англиски, германски, руски, француски)
Интерните предмети се изборни—задолжителни
- Задолжителни бидејки зависат од тоа на кој факултет ќе се запише кандидатот понатаму
Иборот на предметите
- (и екстерни и интерни) се врши до 31.12 тековната година
Условите за полагање матура
- ги предвидува Министерството за образование на РМ
Полагањето
- го спроведува Државниот испитен центар на РМ
Тестовите
- ги подготвува Бирото за Развој на образование на РМ
Праг на положливост (мин. број на поени)
- се дефинира после прегледот на сите тестови
Тестовите се прегледуваат
- по шифри од трочлена комисија
Перцентилен ранг
- Претставува процент кој означува од колку ученици во РМ кандидатот е подобар.
Пример: ако кандидатот е оценет со оцена 5 и со перцентилен ранг 94,67%, тоа значи дека е подобар од 94,67% матуранти во Република Македонија.
Уписот на факултети зависи
- од успехот во 4-годишното средно образование
- од покажаниот успех на државната матура. (оценката се множи со перцентилен ранг)
- од соодветниот избор на интерните предмети
Прецентилниот ранг го има само кај екстерните предмети
Кои интерни предмети треба да се одберат за соодветен факултет
- може да се види на MATURA.GOV.MK/Државна матура/Листа на предмети потребни за упис на факултет
Резултатите од екстерните предмети
- се истакнуваат околу еден месец после полагањето на вторниот екстерн предмет (околи 15.јули во тековната година)
Уписните рокови на факултетите
- Прв: околу 15 август
- Втор: околу 3 септември
- Трет. Во втората половина на месец септември)
Листа на општеобразовни предмети за гимназиско и средно стручно образование
- Мајчин јазик
- Странски јазик
- Математика
- Биологија
- Хемија
- Физика
- Информатика
- Ликовна уметност
- Музичка уметност
- Социологија
- Филозофија
- Историја
- Географија
Во ПИСИ припрема за полагање на државна матура:
- Септември—јуни (најмалку 150 часа по 40 мин = 6000 минути)
За предметите:
- Македонски јазик (екстерен)
- Англиски јазик (екстерно, интерно)
- Математика—основно ниво (екстерно, интерно)
- Информатика (интерно)
Досегашни резултати во образовен центар ПИСИ
од околу 250 курса за 2 години матура 2008, 2009 год. (За предметите: Македонски јазик, Англиски јазик, Математика—основно ниво):
- 5% со оцена 3
- 25% со оцена 4 (со различен перцентилен ранг)
- 70% со оцена 5 (со различен перцентилен ранг)
Сите кандидати запишани на посакуваните факултети.