Е – ТЕСТИРАЊЕ


(интернет тестирање)

Образовниот центар ПИСИ постои веќe 15 години. Постои во Охрид и во Штип. Добитник е на Св. Климентовата повелба на градот Охрид 2007 година за посебен придонес во неформалното образование.
Специјалност: паралелно, туторско образование за тестовни одделенија и матура за математика, англиски јазик, информатика, програмирање, македонски јазик,... Има издадено 7 книги, збирки и тестовници за математика, македонски јазик, информатика, програмирање и физика. Аргументирано, низ ПИСИ се поминати неколку иљади кандидати со различна образовна потреба. Образовен центар кој како таков е единствен во РМ а воедно и еден од водечките во Европа.

Покрај другите образовни услуги, за кои можете да се информирате на www.pisi.com.mk со почеток на 2010 година воведува и тестинг центар и е-тестирање. Наменет за сите кои сакаат да си го проверуваат знаењето по одредени предмети лично во ПИСИ или преку интернет. Тестовите се од тековното учење во државните образовни институции по наставните планови и програми во образовниот процес во РМ.

Е – тестирање (Упатство за користење)

За: Математика, Македонски, Англиски, Информатика, Програмирање, Аналитичка геометрија, Анализа, Биологија, Хемија, Физика, Филозофија, Социологија, Музичка уметност, Ликовна уметност, Италијански, Германски, Француски, ...

  1. Се приклучувате на www.pisi.com.mk
  2. Проба: матура/екстерно/математика/модул0
  3. Користење: матура/екстерно/математика/модул1
  4. Проба: основно/4 одделение/математика/модул0
  5. Користење основно/4 одделение/математика/модул1

Модул0 = Бесплатни, пробни, демо тестови.
Модул1 = Платен модул, со најмалку 50 електронски тестови по модул, од по 10-20 прашања/задачи, веднаш расположиви, веднаш овозможуваат преглед на добиените резултати. Оваа услуга се наплатува 630 денари, со време на користење до 30.06 тековната година. Независно на денот на уплата.

Модул1: (Платен модул – упатство за активирање)

  1. Ако прв пат се пријавите за одреден предмет: преку изборот (копчето) НОВ КОРИСНИК ќе треба да ги внесете бараните податоци. Со внесувањето на истите, на пријавениот е-меил ќе добиете е-меил со профактура на 630 ден. и со карактеристичен код. Профактурата ќе мора да ја уплатите во банка-пошта. После пристигање на уплатата во образовниот центар ПИСИ веднаш ќе бидете активирани.
    Со книжење на уплата ќе добиете по е-маил документ дека е извршена Вашата уплата Со активирањето Вие ќе можете да се тестирате по одредениот предмет преку интернет до 30.06 календарската година.
    Обврска на образовниот центар ПИСИ е да "Ве храни" со постојано нови и нови тестови
  2. Ако веќе сте корисник на одреден предмет а сакате да одберете друг предмет тоа можете сами да го направите кога СТЕ НАЈАВЕНИ. Преку изборот (копчето) БАРАЊЕ ЗА НОВ ПРЕДМЕТ) имате можност за избор и на друг предмет за кој постапката се повторува.