Матура и матурски испити — корисни информации
Државна матура
- полагаат сите кои сакаат да се запишат на факултат
Училишна матура
- полагаат сите кои не сакаат да продолжат на факултет, или пак кои сакаат да се запишат на факултети каде што примаат и со положена училишна матура.
Се полагаат
- вкупно 4 предмети + проектна задача (вкупно 5 полагања)
Екстерно се полагаат
- 3 од 4-те предмети (пред надворешна испитна комисија)
Интерно се полагаат
- 1 од 4-те предмети се полагаат интерно (пред комисија од училиштето)
Екстерните предмети се задолжителни
- мајчин јазик
- математика или странски јазик (англиски, германски, руски, француски)
Интерните предмети се изборни—задолжителни
- Задолжителни, изборот зависи од тоа на кој факултет ќе се запише кандидатот понатаму
Иборот на предметите
- (и екстерни и интерни) се врши до 31.12 тековната година
Условите за полагање матура
- ги предвидува Министерството за образование на РМ
Полагањето
- го спроведува Државниот испитен центар на РМ
Тестовите
- ги подготвува Бирото за Развој на образование на РМ
Праг на положливост (мин. број на поени)
- се дефинира после прегледот на сите тестови
Тестовите се прегледуваат
- по шифри од трочлена комисија
Перцентилен ранг
- Претставува процент кој означува од колку ученици во РМ кандидатот е подобар.
Пример: ако кандидатот е оценет со оцена 5 и со перцентилен ранг 94,67%, тоа значи дека е подобар од 94,67% матуранти во Република Македонија.
Уписот на факултети зависи
- од успехот во 4-годишното средно образование
- од покажаниот успех на државната матура. (оценката се множи со перцентилен ранг)
- од соодветниот избор на интерните предмети
Прецентилниот ранг го има само кај екстерните предмети
Кои интерни предмети треба да се одберат - зависи од уписот за соодветен факултет
Резултатите од екстерните предмети
- се истакнуваат околу еден месец после полагањето на вторниот екстерн предмет.
Уписните рокови на факултетите - зависи од конкурсите за таа година
- Прв: околу 15-20 август?
- Втор: околу 3-6 септември?
- Трет. Во втората половина на месец септември?
Листа на општеобразовни предмети за гимназиско и средно стручно образование
- Мајчин јазик
- Странски јазик
- Математика
- Биологија
- Хемија
- Физика
- Информатика
- Ликовна уметност
- Музичка уметност
- Социологија
- Филозофија
- Историја
- Географија
Во ПИСИ припрема за полагање на државна матура:
- Септември—јуни (еднаш до двапати неделно по 75 мин.)
За предметите:
- Македонски јазик (екстерен)
- Англиски јазик (екстерно, интерно)
- Математика—основно ниво (екстерно, интерно)
- Информатика (интерно)
Сите кандидати од ПИСИ, години наназад, запишани на посакуваните факултети.